Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја најави 7-та Годишна истражувачка конференција на тема „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Истата ќе се одржи во период од 12-ти до 13-ти април во хотел „Инекс Горица“ во Охрид.
Оваа конференција традиционално се организира за да се одбележи годишнината од монетарната независност на земјата. Таа има за цел да ги собере претставниците на институциите за креирање на политики и академијата, со единствена цел да овозможат основа за дебата за релевантни економски прашања.
Покрај гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, најавено е присуство на гувернерите на централните банки на Белгија – Јан Сметс, на Хрватска- Борис Вујичиќ, на Албанија – Гент Сејко и на Косово – Фехми Мехмети.
На оваа истражувачка конференција учество ќе земат и претставници на повеќе централни банки од регионот, ЕУ и пошироко, како и од истакнати светски универзитети и меѓународни организации.
На конференцијата свои претставници ќе имаат и банките од Република Македонија како и другите финансиски и државни институции.
Планираната дводневна програма можете да ја видите на следниов ЛИНК.
Извор: НБРМ
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари