Во среда во Тирана ќе се одржи седмата Дримска конференција

- Македонија
480

На 29-ти јануари (среда), во Тирана ќе се одржи 7-мата Дримска Конференција.

Според најавите, ќе учествуваат преставници на клучните институции кои работат на заштита на Дримскиот Басен. Конференцијата ќе биде место на дијалог на преку 120 преставници на Министерства, невладин сектор, академската фела и корисници на водните услуги. Воедно Конференцијата ја одбележува 10 годишнината од отпочнувањето на координираниот Дримски Корда процес – институционална структура формирана да обезбеди кординирана акција во Дримскиот Басен. Годинашнава тема на Конференцијата е управувањето со сушите. Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат Герта Лубоња -Раководител на агенцијатаза водни ресурси , Албанија , Ана Петровска -Државен секретар, Министерство за животна средина, Северна Македонија,  Момчило Бјагојевиќ -ген.директор, министертво за земјоделие и рурален развој, Црна Гора Лимја Елтајеб – постојан прставник на УНДП во Албанија Анука Липонен – одговорна за екологија, Обединети нации – Економска комисија за Европа Димитрис Фалутсос – ГЕФ проект координатор, Глобално партнерство за води-Медитеран.

Дримската Конференција е организирана од страна на Глобалното Партнерство за води -Медитеран – Global Water Partnership-Mediterranean, како дел од процесот за имплементација на Дримскиот Меморандум за разбирање во кој партиципираат Северна Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора.  Дримската конференција е овозможена од два проекти • ГЕФ Дримскиот проект финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд, имплементиран преку УНДП и извршуван преки Глобалното партнерство за води – Медитеран ( ГВП Мед) во партнерство со Економската комисија за Европна пру Обединетите нации (УНЕЦЕ) • Проектот

„Промоција на одржливо управување на природните ресусри во Југоисточна Европа низ употреба на НЕКСУС пристапот финансиран од Австриската агенција за развој (АДА() каде Дримскиот басен е еден од басените кој е во фокусот.

Целта на Глобалното партнерство за води (ГВП Мед) е да се осигура управувањето со води во Медитеранот низ воспоставување на интегрирано управување со водните ресурси (ИВРМ). Тоа обединува повеќе од 100 интересенти од различни водени сектори вклучувајќи и 10 регионални мрежи на интересенти. ГВП Мед е формирано во 2002 година и е една од 13 региони од интервладината организација Глобално партнерство за води (ГВП).

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари