Во Струга има 64 активни случаи на ковид 19

- Македонија
364
Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.
За период од 19 до 25 септември 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 131 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 67 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 64 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 44 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 21 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 17 лице од Охрид, 24 лица од Струга и 4 лицa од Дебар.
– Во овој период починати се 6 лица и тоа 2 од општина Охрид, 2 од општина Струга и 2 лица од општина Дебар
– Активни случаи во Охрид се 52, во Струга 64, а во Дебар 41.
Од почетокот на епидемијата до 25 септември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1359 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 417 лица во општина Охрид и Дебрца, 660 лице во општина Струга и Вевчани и 282 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 352, од Струга се 532, а од Дебар и Центар Жупа се 263 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 20 починати пациенти, од општина Струга се починати 59, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица

Facebook Коментари