Време: Денеска облачно со сончеви периоди, од утре заладување

- Македонија
514

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари