Време- Посвежо, ветровито со можност за локално невреме и појава на град

- Македонија
329

Денеска ќе преовладува претежно облачно, посвежо и ветровито време со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80км/ч.) и услови за појава на град. Дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 25 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари