Време-Променливо облачно со краткораен дожд и грмежи

- Македонија
348

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари