Почина Џорџ Мајкл

- Свет
787

Познатиот британски пејач и поранешен член на групата Wham, Џорџ Мајкл, почина вчера во Оксфоршир.

File photo dated 11/05/11 of George Michael who was taken to hospital by ambulance after falling ill.

Смртта ја потврди и англиската полиција, според која нема никакви сомнителни околности околу неа. Пејачот, кој ја почнува својата кариера во Вам во 80-те, а потоа продолжува како соло-пејач, “починал мирно во својот дом”.

Мајкл, кој е роден како Јоргос Киријацос Панајоту во северен Лондон, во текот на својата речиси 4-децениска кариера продава над 100 милиони албуми. Првата поголема слава ја има со групата Вам, која ја формира со својот школски другар Ендру Риџли.

Публицистот на Мајкл изјави: “Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно во неговиот дом за време на божиќните празници. Семејството моли нивната приватност да се почитува во ова тешко и чувствително време”.

извор: BBC

Facebook Коментари