Силен земјотрес утрово во 9:20 часот го потресе Сараево, јавуваат босанските медиуми.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар на својот профил на социјалната мрежа Икс информира дека земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на десетина километри северно од Сараево и со длабочина од шест километри.
Засега нема информации за материјална штета предизвикана од земјотресот.
Facebook Коментари