Новата фејсбук опција “Discover People” која можеби ќе ве загрижи

- Вести, Занимливо
1026

Фејсбук има нова опција “Discover People” која уште е во фаза на тестирање, па само по некој “iOS” и “android” корисници можат да пристапат на кратко, а тие поединци веќе имаат јасно мислење за промената.

“Discover People” е опција која ве поврзува со луѓе кои не ви се пријатели, немате никаков контакт, и немате ништо заедничко со нив.

4

Оваа опција ви помага да ги пронајдете луѓето кои на пример работат во вашата компанија или се некои кои живеат недалеку од вас и слично. Малку контраверзно.

Кога ќе го користите “Discover People” нема да ги гледате вашите пријатели, туку очигледно целта е да најдете некои сосема нови со кои никогаш не сте биле поврзани. И не сме уште сосема сигурни за мислењето околу овие промени само знаеме дека профилот ќе ни биде изложен на тотални странци.

3

Од фејсбук велат дека не се работи за загрозување на приватноста туку дека се било поради поврзувањето.

Доста е тешко да дознаеме нешто за новите луѓе околу тебе, било да е во прашање почеток на работно место, влегување во нова група, селидба во друг град и слично, рекоа во објавата.

За сето тоа да го олесниме ќе ја воведиме опцијата “Discover People” која ќе помага во склучување нови пријателства со луѓе, со кои можеби имате нешто заедничко. Само ќе ги побарате нивните профили токму преку оваа нова оција.

Во теорија звучи добро, само уште не знаеме дали ќе ни се допадне. Ќе покаже времето.

Facebook Коментари