Црвениот крст на Република Македонија во периодот од 10-16 октомври 2024 година традиционално ја одбележа Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес– Едуцирај се и превенирај дијабетес“. Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.
Црвен крст Струга ја како општинска организација ја одбележа Неделата на борба против дијабетес организираше активности за подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.
Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 200.000 лица со дијабет тип 1 и тип 2.
StrugaOnline
Facebook Коментари