Кардиолошки центар Охрид: Грижата за срцето е секојдневна одговорност кон сопственото здравје
По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 септември, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, со активности и едукативни пораки го истакнува значењето на грижата за кардиоваскуларното здравје.
Овогодинешното одбележување се одвива под мотото „DON’T MISS A BEAT“, со кое се упатува порака за важноста од навремена грижа за срцето, континуирана едукација и препознавање на ризиците поврзани со кардиоваскуларните заболувања.
Од охридската специјализирана болница посочуваат дека како институција од областа на кардиоваскуларната медицина, нивната примарна цел е подигнување на свеста кај населението за значењето на превенцијата, раната дијагностика и навремениот третман на кардиоваскуларните заболувања.
По повод Светскиот ден на срцето, активностите се реализираат во соработка со „Алкалоид“ АД Скопје, преку споделување стручни совети и едукативни материјали посветени на зачувувањето на срцевото здравје и правилниот срцев ритам.
Светскиот ден на срцето е можност повторно да се истакне важноста од усвојување здрави животни навики, редовни здравствени контроли и навремено реагирање при појава на симптоми или ризик-фактори.
Грижата за срцето не е само еднодневна активност, туку секојдневна одговорност кон сопственото здравје.
Пораката на овогодинешното одбележување е едноставна: да не се игнорираат предупредувачките сигнали и да се посвети внимание на срцето – затоа што секој отчукувај е важен.
StrugaOnline

