Граѓанската иницијатива „Доста“ бара средба со новиот градоначалник на Струга за решавање на проблемот со депонијата

- Локални
1262

Членовите на граѓанската иницијатива „Доста“ продолжуваат со активности во борбата за решавање на проблемот со струшката дива депонија.

„Откако завршија локалните избори продолжуваме со нашата борба за чиста животна средина. Денес доставивме писмен поднесок до новиот градоначалник на Општина Струга Г-дин Рамиз Мерко со кој бараме да оствариме средба која би се однесувала на проблемот што Општина Струга го има со дивата струшка депонија. Во прилог писмениот поднесок со приемен печат од Општина Струга.“ -велат од таму.

Во приложениот поднесок, меѓу другото ,  од „Доста“ предлагаат неколку конкретни точки за кои би се разговарало на средбата со новиот градоначалник, Г-дин Рамиз Мерко, меѓу кои се вбројуваат и : актуелната состојба со дивата депонија, до сега преземените чекори за справување со проблемот, чекори кои во иднина ќе се преземат…и други точки кои би помогнале во конечно решавање на проблемот кој ги мачи стружани подолго време.

Извор: Граѓанска иницијатива „Доста“

Strugaonline

Facebook Коментари