Денеска е светски ден на штедењето

- Занимливо
1158

Во повеќе земји во светот денеска се одбележува денот на штедењето.

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 г. во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците (Светско душтво на штедилници) во Милано, Италија. На последниот ден од конгресот, проф. Равица го прогласил тој ден за меѓународен ден на штедењето.

Идејата наишла на одобрение од 29 земји кои сакале да ја потсетат светската јавност на штедење, и важноста на штедењето за економијата и поединецот. Празникот се одбележува 31 октомври, освен во земјите кајшто тој ден е државен празник. На тој ден банките се отворени, за граѓаните да можат да внесат средства на својата штедна сметка.

Покрај горенаведеното, во Република Македонија синдикатот на финансиските организации доделува награди и пофалници за најдобрите работници од оваа дејност.

 

Facebook Коментари