Маркус Гинјард ги даде подароците од младите од КК Работнички на децата во СОС Детско село

- Македонија
912

Во сабота, 23.12.2017, по иницијатива на кошаркарот на КК Работнички, Маркус Гинјард, младите од КК Работнички на интересен и забавен начин, преку спорт, собраа подароци за децата од СОС Детско село.

Истиот ден младите се дружеа со Маркус Гинјард кој со нив ја сподели неговата животна приказна и им посочи дека доколку се трудат и се посветат на тоа што го сакаат можат да постигнат сè во животот. Целта на кошаркарот на Работнички е кај младите да ја пренесе пораката дека треба да имаат доверба во заедницата и најблиските и дека спортот треба да е еден од клучните фактори во пренесување на пораката дека секој може да го следи својот сон.

Денес, Маркус ги достави подароците до децата од СОС Детско село и им рече дека кога сакаат можат да ја посетат салата на КК Работнички за заедно да играат кошарка, со него и со младите од КК Работнички. Гинјард верува дека вредностите кои ги носи спортот како тимска работа, одговорност, мотивација, работа, храброст и хуманост, се клучни за развој на младите.

Strugaonline

Facebook Коментари