Време: Сончево уште денеска и утре – дожд во петок

- Македонија
755

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер. По котлините поради појава на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на слаба утринска магла. Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени. Утре ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност, а од петок во вечерните часови  под влијание на влажна воздушна маса ќе има врнежи од дожд и засилен ветер од јужен правец.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари