Советот на манифестацијата Лесновски ѕвона, посветена на поетот Чедо Јакимовски, распиша Конкурс за најдобра дебитантска поетска книга за 2018 година. Право на учество имаат сите поети од Република Македонија до триесетгодишна возраст.
Најдобрата книга од пристигнатите ракописи, оценета од жирито на Манифестацијата, ќе биде објавена и промовирана за време на одржувањето на Лесновски ѕвона, на 9 јуни 2018 година, во Кратово.
Ракописите да се достават најдоцна до 15 мај 2018 година, под шифра, во три примероци, на адреса:
Музеј на град Кратово ул. „Св. Ѓорѓи Кратовски“ б. б. Кратово
Strugaonline
Facebook Коментари