Локалната агенција за развој-Струга прослави 14 години постоење

- Локални
1100

Локалната агенција за развој од Струга одбележа 14 години од своето постоење, до сега нивниот тим има реализирано повеќе од  50  проекти за жителите на Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Дебар, Дебрца и другите населени места во Југозападна Македонија.

Настанот имаше забавни и едукативни активности, интерактивни игри на отворено и награди за најуспешните тимови.

Во изминативе години, Локалната агенција за развој-Струга има реализирано многубројни образовни кампови, работилници, културно-забавни настани, кампањи за подигање на свеста, донаторски и волонтерски акции и други слични активности.

На 21-ви овој месец, тие организираа настан во центарот на Струга, каде беше поставен инфо штанд  на кој граѓаните имаа можност да се запознаат со нивната досегашна работа ,идните планови , а имаа можност и да дадат свои предлози за потенцијални проекти.

Strugaonline

Facebook Коментари