Приватната здравствена установа “ШУМЕНКОВСКИ“ деновиве одбележува две децении постоење, развој и континуирано вложување во одржувањето на здрава и убава насмевка на своите пациенти.
Стоматолошката ординација „ШУМЕНКОВСКИ“ е основана 1998 година во Струга и сместена е во строгиот центар на градот. Две години подоцна во склоп на ординацијата почнува со работа и рентген кабинет опремен со апарат за интраорално и панорамско снимање.
Во чекор со новите научни достигнувања цели дваесет години на најпрофесионален начин се грижат за оралното здравје и подигнување на здравствената свест на пациентите. Спојот на квалитет и традиција во пријатен и модерен амбиент нудат можност секој да се чувствува удобно и сигурно. Личниот пристап за секој пациент, како и широката палета на услуги што ги нуди докторскиот тим гарантираат најдобар можен третман прилагоден на желбата, потребите и можностите на секој пациент.
„Здравата насмевка има голем удел во успехот на приватниот и деловниот живот на секоја личност, а наша задача е вашата насмевка да ја направиме прекрасна и уникатна која одговара само на вас.“ – велат од стоматолошка ординација „Шуменкоски“
Strugaonline
Facebook Коментари