Станете дел од тимот на „Унипласт“- брзорастечка и модерна компанија со одлични услови за работа

- Локални
2069

Сакате да работите во брзорастечка и модерна компанија, а притоа да не го чувствувате притисокот од исполнување на нормите во странските фирми? Сакате работно време од 7:00 до 15:00 часот, но и можност за платени дополнителни работни часови?  Се сметате себеси за истрајни, желни за постојана надградба и усовршување?

– Приклучете се на тимот на „Унипласт“  кој триесет и две години е во постојан развој и успешно работи на својата модернизација и подобрување на својот квалитет.

„Нашиот тим е професионален и посветен на работата, а тоа се должи на нашата одлична взаемна комуникација и разбирање. Вредности кои ги градиме веќе триесет и две години. Ние ги следиме потребите на нашите вработени, бидејќи тие се главниот двигател на развојот на „Унипласт“ – велат од компанијата.

Постојаното вложување во модернизацијата на производните процеси „Унипласт“ ја прави една од најуспешните компании на Балканот во полето на производството и развојот на прозводи од армиран полиестер.

„Успехот на нашите производни решенија се должи на посветеноста, професионалноста и страста на нашиот тим, постојано следење на барањата на пазарот и светските трендови. Поради континуираниот раст и развој, потребата за стручен кадар е постојана.“ – додаваат од „Унипласт“.

Во нивниот оглас за работа стои:

 

НУДИМЕ

  • Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на УНИПЛАСТ
  • Можност за учество во програми акредитирани од страна на Министерството за образование и наука на РМ
  • Можност за напредување во работата;
  • Колективен годишен одмор
  • Прекувремена платена работа
  • Почетна плата: од 15,000ден. до 25,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • секој кандидат без разлика на приложеното искуство во работата му следи интерна обука спроведена од раководството и истата е под супервизија на соодветен искусен кадар назначен од фирмата
  • платен почетен пробен период од два месеци за адаптирање и запознавање со работните должности во работата

Од секој вработен очекуваме

  • Мотивација за работа во високо конкурентна средина
  • Одлични способности за комуникација и за тимска работа
  • Професионалност во работењето
  • Позитивен став
  • Возачка дозвола – Б и Ц категорија ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во производство ќе се смета за предност.

Магационер/Дистрибутер​

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Следење на залихи на роба за комплетното производство на Унипласт.
Работење во систем на однапред испланирани набавки.
Правење на нарачки до добавувачи
Креирање на аналаизи за продажба за излезност на производи
Администрирање на софтверот на компанијата со нови податоци.

Главни одговорности:

  • Прием и складирање на роба
  • Контрола на примена и испорачана роба
  • Грижа за состојба на магацин
  • Дистрибуција

Потребни способности и вештини: 

  • Добри комуникациски способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа

Очекувани квалификации: 

  • ССС
  • Работно искуство во дистрибуција или магацинско работење
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија, активен возач.

 Одговорности и задачи:

  • Спроведување на функции од делокруг на работа во процесот на производство.
  • Ја следи потрошувачката на суровини, репроматеријали и амбалажа.
  • Врши контрола на квалитетот во целиот процес на производството.
  • Се грижи за одржување на стандардниот квалитет на готовиот производ и неговата безбедност во однос на правилно пакување и лагерирање.
  • Предлага мерки за техничко-технолошко усовршување на процесот.

Потребни квалификации:

  • ВСС (Технолошки факултет- прехрамбена технологија, Хемиски факултет- применета хемија).
  • Активно познавање на англиски јазик.
  • Познавање на работа со компјутер.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.
  • кандидатот да биде дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
  • одговорен во управувањето со опремата и документацијата
  • колегијален со вработените во фирмата
  • самоиницијатива за постигнување на личен раст и тимско залагање

Нудиме:

  • Редовна месечна плата
  • Пријатнa работна атмосфера
  • Кариера во брзорастечка интернационална компанија
  • Службен мобилен телефон, службено возило

Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV на e-meil: [email protected]  или контактирајте не’ на телефонскиот број  046/780 180  , секој работен ден до 15:00 часот

 

Facebook Коментари