Порталот Strugaonline слави две години постоење. Нашата основна цел од самиот почеток беше да бидеме информатор за сите настани што се случуваат во Струга и Охрид. Освен оваа основна цел, тука сме да ги пренесуваме и најновите музички вести, занимливости, културни случувања, истражувања, совети за здравје и сите оние сегменти кои еден медиум го прават успешен и актуелен.
Од самиот почеток бевме свесни дека соработката со институциите е од исклучително значење за да известуваме навремено и целосно. Токму соработката со институциите се градеше постепено, понекогаш е и тешко да се стапи во контакт со лицата кои што во институциите во овој регион работат во сектор односи со јавноста. Градењето на таа соработка се одвиваше бавно затоа што во Струга до сега и немаше медиуми кои работат на тој начин, укажувајќи на тоа дека медиумската промоција на сите настани е од исклучително значење и дека јавноста бара одговори и треба да ги добие, институциите растеа со нас, и Strugaonline растеше заедно со нив.
Благодарни сме и среќни што читателите ја препознаа нашата цел, а со голема посетеност на порталот покажаа дека ја вреднуваат нашата посветеност. Вo новата 2019-та година продолжуваме со исто темпо.
Ви благодариме за довербата.
Oд тимот на Strugaonline.
Facebook Коментари