Охрид е исполнет со гости во пресрет на дочекот на Новата година.
Уште од претходно, угостителите најавуваа дека капацитетите се резервирани, а предновогодишниот викенд покажа дека има одлична исполнетост. Гостите доаѓаат пред се` од соседните земји од Балканот, но не е мал бројот на посетители од целиот свет.
Општина Охрид поради прераната смрт на градоначалникот, проф. д-р Јован Стојаноски ги откажа сите манифестации кои се во нивна надлежност, пред се` активностите од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, но во организација на угостителскиот еснаф и ХОТАМ, забава на Градскиот плоштад со настап на неколку локални бендови сепак ќе има.
Извор: ОхридПрес
фото: архива
Facebook Коментари