Во текот на минатата ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП „Комуналнo “ – Струга го расчистуваат снегот на кејовите и улиците во Струга.
„Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, беше извршено и посолување на пешачките патеки, тротоари и кејови. Активностите на екипите на ЈП „Комунално“-Струга ќе продолжат и во текот на вечерните часови со сета расположива механизација и човечки ресурси.“ -информираат од јавното претпријатие.
Strugaonline
Facebook Коментари