Денеска завршува Вевчански карневал 2019

- Локални
1485

Со традиционалното палење на маските и познатото Василичарско оро, денска завршува Вевчанскиот карневал 2019. Вевчанци и  годнава беа на висина на задачата. Најголемиот театар на отворено сосема очекувано се фокусираше на политичарите. Освен хуморот и сатирата прикажани на оригинален начин препознатлив за Вевчанци, бројните гости имаа можност да се забавуваат со богата музичка програма која беше понудена. Неша од групата „Галија“, Културно уметнички работници, Dj RootBoy, Кате и групата „Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани се погрижија да ги забавуваат присутните и според коментарите, навистина успеаа во тоа.

Вевчани живее за овие денови кога се одржува карневалот, маските ги подготвуваат долго време и нивната цел е на најреален можен начин, преку хумор да ги претстават општествените појави, начинот на живот, ветувања на политичарите, во деновите кои што како што велат „се е дозволено“.

Рано утрово младоженецот и невестата наполнија вода од вевчанските извори, со која ќе се приготвува традиционалниот кашарник. Така секоја година на овој ден започнува последниот ден од Вевчанскиот карневал познат во светски рамки.

Strugaonline

 

Facebook Коментари