Охрид се поврзува со Малме, Милано, Меминген и Дортмунд

- Локални, Македонија
940

Од март оваа година ,Охрид ќе биде поврзан со авионски летови до Малме и Милано, а од јули и со Меминген и Дортмунд.

Ова се четирите дестинации на кои ќе започне да оперира нискобуџетната авикомпанија „Визер“, согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии. Договорот денес го потпишаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и Џорџ Михалопулос од „Визер“.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“, компанијата која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродороми во изминатите шест години.

По утврдената евалуација на понудата од страна на Комисијата надлежна за спроведување на овој Јавен повик, утврдено е дека авиокомпанијата „Визер“ ги исполнува сите услови и критериуми наведени во повикот.

Од месец март од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се лета до Милано во Италија и до Малме во Шведска, а билетите за овие дестинации ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули пак се очекува да бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари