ЈП„Комунално“: Нашите екипи продолжуваат со интензивно чистење на снегот од улиците и тротоарите

- Локални
961

Во текот на денешниот ден работниците на ЈП„Комунално“- Струга продолжуваат со чистење на снегот од улиците и тротоарите во град Струга. Од раните утрински часови со механизација и рачен алат работниците на ЈП„Комунално„ – Струга ги чистеја од снег и мраз главните улици на градот.-информираат од ЈП „Комунално“.


Од таму додаваат дека со сопствена механизација на терен се вклучиле и фирмите со кои ЈП„Комунално“- Струга има склучено договори за соработка.

Снегот и мразот од коловозите се расчистува со ровокопачи, тешки камиони со монтирани специјални ножеви за снег, трактори исто така со монтирани ножеви за снег, а во ноќните часови ќе бидат активни и тракторите со приклучоци за расфрлување на песок и сол.

Strugaonline

Facebook Коментари