Иван Лотески од охридската населба Варош, исто како и мината година беше најсреќен и годинава повторно успеа да го извади крстот од водите на Охридското езеро. Лотески во изјава за медиумите истакна дека и лани и годинава пристапил со голема желба и верба. Тој додаде дека изминатата година откако го фатил крстот за него и неговото семејство била многу среќна. Инаку, Лотески е долгогодишен жител на Варош, а по потекло е од Вевчани.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари