Промовиран новиот број за СОС повици кон Планинската спасителна служба 13 112

- Локални
627

Денеска во Охрид беше објавен и промовиран новиот скратен број 13 112 за СОС повици кон Планинската спасителна служба.

Станува збор за пракса која за прв пат се воспоставува во некој регион од државата. СОС бројот за повик на планинската спасителна служба е 13 112, без префикс и важи за сите мобилни и фиксни мрежи во државата.

– Воспоставување на овој број е нов почеток за развој на планинарството. Охрид може да се искачи високо на тур-мапите доколку се овозможи продолжување на сезоната. Овој број ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на туристите кои доаѓаат во градот. За нас е задоволство што токму Центарот за спасување на планина од нашиот регион, помогнати од охридскиот Црвен крст се пионери во уште еден проект, изјави на денешната промоција в.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Одговорните најавија дека наскоро ќе се развива и мобилна апликација за детектирање на местата од каде бил добиен повикот за помош.

Воспоставувањето на посебниот скратен број за СОС повици во случај на планински несреќи, е дел од проектот „Регионот охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.

Извор и фото: ОхридПрес

Facebook Коментари