Време: Денеска сончево со мала облачност, утре облачно со локален дожд

- Македонија
626

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 19 степени. Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени. Од сабота следува голема промена на времето, пад на температурите за 10 степени и врнежи од дожд и снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари