Време: Променливо облачно со слаби врнежи од дожд

- Македонија
531

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, во попладневните и во ноќните часови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 14 степени. Утре ќе преовладува претежно облачно и студено време, претпладне и околу пладне со локални врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува силен ветер од североисточен правец, на места со брзина и над 90 км/час.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари