КЛ7 Струга забележа нова важна победа и го продолжи патот кон финалната завршница во пионерска конкуренција. Во денешното дерби нашите пионери беа подобар противник од екипата на РК Охрид со резултат 22:16.
КЛ7 Струга ја имаше контролата на резултатот во сите 40 мин игра. Во првото полувреме нашата одлична и колективна игра ни донесе добра предност од пет погодоци, да примиме само шест, а да постигнеме 11 погодоци.
Во второто полувреме противникот успеа да ја намали разликата на само три погодоци во неколку наврати но нашите момци не дозволија изненадување и во последните минути Дуноски со два погодоци ги постави конечните 22:16.
Со оваа победа остануваме на првата позиција и два бодови повеќе од РК Струга. Во следното коло повторно сме домаќини овој пат против екипата на РК Енхалон.
КЛ7 Струга – РК Охрид 22:16 11:6
КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Мишевски 1, Дуноски 4, Џигероски, Негриески, Стрезоски, Шапески, Христоски 3, Бочески 4, Кочоски, Тутенкоски, Ѓорговски 7, Стрезоски, Мемед, Ѓоргиески 2, Шулески 1,
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин Црвен Картон: Ѓоргиески Дејан
Извор: КЛ7.мк
Facebook Коментари