Филмот за добитникот на „Златниот венец“ на СВП Загајевски во Охрид

- Локални
758

Во петок на 1 март од 19:00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде прикажан документарниот филм посветен на минатогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата полскиот поет Адам Загајевски.

Во филмот кој е автопортрет на поетот преку луцидни прашања и одговори Загајевски ја презентира својата поезија и поетика .

Комплетен автор на документарецот е Диме Ратајкоски а филмот е заеднички проект на МТВ и СВП.

Премиерата на документарецот се случи во Скопје неодамна а филмот по Охрид наскоро ќе биде прикажан и во други градови низ државава.

Strugaonline

Facebook Коментари