Царинската управа открила дополнително вграден резервоар за гориво во автомобил на граничниот премин Ќафасан

- Локални
1211

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.

Автомобил со бункер и автоделови

– еден албански автомобил, марка Mercedes 200 E, во кој мобилните царински тимови откриле дополнително вграден резервоар за гориво позади задното седиште, поврзан со фабричкиот резервоар. Возачот на возилото, албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, изјавил дека дополнителниот резервоар собира околу 180 литри гориво.  Возилото е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

?

– 11 резервни делови за моторни возила, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, во багажниот простор и на задното седиште на автомобилот биле пронајдени 3 нови фарови за камиони, додека во вториот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 парчиња резервни автоделови (замајци, потисни плочи, ламели и хидраулични лагери).

Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.

Извор и фото: Царинска управа

Strugaonline

Facebook Коментари