Во петок, 15-ти март, во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одиграна претставата „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.- вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски
Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 20:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари