(ВИДЕО) Во Бигорскиот манастир изработен видео спот за првата великопосна песна

- Македонија
747

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, кој отсекогаш бил и се’ уште е центар на духовноста и културен двигател за нашиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”.

„Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.“ – велат од Бигорскиот манастир.

Тимот кој со голема љубов и посветеност работеше на видео записот, е во состав од: Режија и монтажа: Горан Костадинов Камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Дрон: Небојша Петревски Изведува Ансамбл „Македонија“

„Искрено и топло се надеваме дека оваа богата композиција ќе допре до целата наша македонска јавност и ќе ги освои нивните срца, воведувајќи ги во прекрасната атмосфера на Великиот Пост.“-додаваат од Бигорскиот манастир.

Strugaonline

Facebook Коментари