Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 11 степени. Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари