Лев банер Десен банер

Стружани и ракометарите од КЛ7 Струга учествуваа на хуманитарната трката за лицата со Даунов синдром

КЛ7 Струга вчера трчаше на хуманитарната трка која беше посветена на лицата со Даунов синдром. Со тоа го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март.

Трката се движеше по кејот на реката Црн Дрим во должина од два и од пет километри, а целта на истата беше подигнување на свеста кај луѓето и собирање поддршка за организирање гала вечер за лицата со посебни потреби од Струга.

На трката која беше посветена на Анастазија Жупан, освен клубот КЛ7-Струга учествуваа бројни стружани.

Strugaonline

фото: ФБ

 

error: