Локалната агенција за развој – Струга организира обуки за туризам, пријавете се!

- Локални
893

Локалната агенција за развој -Струга наскоро организира  нова серија обуки за напредни вештини кои се  наменети за сите кои сакаат се занимаваат со туризам или да остваруваат дополнителни приходи од туризам.


Првата обука ќе се одржи  на 29-ти и 30-ти март во Охрид.
Главна цел на обуките ќе биде да се обучат локалните жители да брендираат туристички производи/искуства кои ќе се нудат на туристите. Заинтересираните задолжително да се пријават на овој ЛИНК најдоцна до вторник 26 март 2019. Примените учесници LDA- Struga  ќе ги информира преку емаил или телефонски.

Strugaonline

Facebook Коментари