Време: Сончево и потопло со мала локална облачност

- Македонија
534

Денеска ќе преовладува сончево и малку потопло  време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени. Утре ќе преовладува умерено облачно време, во средината на денот и попладне со локален дожд претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 22 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари