Oткако вчера започна изборната кампања за претстојните претседателски избори, претседателските кандидати денеска продолжуваат со митинзи и средби со граѓани.
Кандидатот на опозицијата, Гордана Силјаноска Давкова ќе митингува во Струга, Ресен и Дебарца.
Митингот во Струга е закажан за 18:30 часот на новото шеталиште.
Кандидатот на владината коалиција, Стево Пендароски, денеска има средби со граѓани во скопско Сопиште и Студеничани, а за попладне закажани се митинзи во Центар и Аеродром.
Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари