Владата на Република Северна Македонија на својата 128-ма седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“, и заклучи дека согласно предвиденото време за реализација, завршени се сите градежни работи, и дека проектот е реализиран во целост.
Проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ се финансира од програмата ИПА и од Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1,48 милион евра коишто се грант и над 300.000 евра од буџетот. Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.
Извор: Влада на РСМ
Facebook Коментари