Станка Трајкова е нов претседател на СЗПМ

- Македонија
648

Нова претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ ) и на Извршниот одбор е Станка Трајкова, која доаѓа на местото на досегашниот претдседател Драги Аргировски.

На Собранието кое се одржа на 29 март 2019 год во Скопје, учествуваа 63 делегати, меѓу кои и делегатот од ЗП Струга Даути Хурем, од ЗП Вевчани Наум Чочороски и ЗП Лабуништа Хамди Ислани. Трајкова ја доби најголемата доберба од присутните, пред нејзиниот противник. Трајкова предходно ја вршеше функцијата секретарка на ИО на СЗПМ.

За претседател на Собранието избран беше м-р Илија Адамоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари