Промоција на „Анализата на јавните набавки во општините на Југозападниот регион“ во Струга

- Локални
709

Во понеделник 8-ми април, во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржи промоција на „Анализата на јавните набавки во општините на Југозападниот регион“.

– Целта на настанот е информирање на граѓаните, институциите и граѓанските организации за резултатите од анализа која опфаќа мониторингот на спроведувањето на јавните набавки во текот на 2017 година од страна на општините во Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод, Плaсница и Дебрца). Во анализата се користени унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки и нивно спроведување според потребите на граѓаните, информираат организаторите.

Анализата ја спроведе Центарот на заедницата на општина Струга, во текот на 2018-та година.

Почетокот на настанот е закажан за во 12:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари