Тeатар „Провокација“ од Скопје гостува во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид со претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “истата ќе биде одиграна утре, среда, 10.04.2019 година, со почеток 20.00 часот.
Во претставата играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ
Режија:Ѓорѓи Ризевски
Костими:Елена Лука
Сценографија:Роберт Ристов
Проектот „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ – Скопје и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Strugaonline
Facebook Коментари