Македонската ракометна репрезентација утре ги стартува квалификациите за Европското првенство

- Спорт
54

Машката македонска репрезентација  утре во Рејкјавик  ќе  го одигра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство против селекцијата на  Исланд.

Селектор Данило Брестовац на првиот и единствен тренинг имаше на располагање 20 играчи, но за исландската престолнина  патуваат 16 играчи.

За Рејкавик ќе патуваат голманите Митревски и Ристовски, крилата Поповски, Георгиевски, Манасков и Маџовски, дефанзивците Кукоски и Маркоски, како и бековите Лазаров, Јагуриновски, Талески, Кузмановски, Танкоски, и пивотмените Стоилов, Пешевски и Маркоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра в среда од 21:45 часот.

Извор: 24 ракомет

фото: архива

Facebook Коментари