Вевчани ќе биде домаќин на 17-та Регионална пензионерска ревија на песни, музика и игра

- Локални
900

Во  просториите на Клубот на Здружението на пензионери во Вевчани  се одржа консултативен состанок со претседателите на здруженијата и своите соработници  задолжени  за културно-забавниот живот на пензионерите  од осмиот регион. Oвој регион ги опфаќа здруженијата на пензионерите од Струга, претсавени од Милорад Трпоски, секретарот Изеир Мустафаи и претседателот на комисијата за култура Луба Јованоска, Охрид и Дебарца Ѓорѓи Трпчески, Гостивар Нијаз Џелили, Кичево претставено од претседателот на комисијата за култура Саве Димитриески, Македонски Брод Илија Лазески, Лабуништа Лутви Ќазимоскии, Вевчани како домаќин претставено од Наум Чочороски и Витомир Костојчиноски претседател на ИО, додека претставник од ЗП –Дебар немаше.

Согласно заклучоците на Комисијата за културно-забавен живот при Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија,за 17-та Регионална ревија на песни, музика и игра за 2019 година, одлучено е  домаќин да биде Здружението на пензионери – Вевчани, кое минатата година се покажа како добар организатор на спортските натпревари.Ревијата ќе се одржи на 20 мај 2019 година во Домот на културата во Вевчании,каде што има прекрасни услови.

По тој повод претседателот на ИО при ЗП-Вевчани Витомир Костијчиноски,заедно со претседателот на Собранието Наум Чочороски,во насока на инплементацијата на заклучоците од К.К.З.Ж организираше консултативен состанок,на која се извршија неопходните подготовки  и критериуми сосгласно препораките кој ги пренесе  претставникот Ристо Трајкоски како член на ИО при СЗПМ.

На состанокот беше извршена ждрепка за редоследот на настапите на здруженијата на ревијата и тоа: Прво ќе настапи Вевчани како домаќин втори ЗП- Струга,трети Кичево,а потоа ќе следуваат Гостивар, Охрид и Дебарца, Македонски Брод, Дебар и Центар Жупа,а ЗП Лабуништа се изјасни дека нема формирано пејачка  група и нема да настапи. На состанокот беше договорено дека  доколку временските услови дозволуваат ќе има и дефиле на учесниците низ центарот на општина Вевчани.

Преставникот на СЗПМ Ристо Трајкоски, во негово име и во име на новата претседателка на Сојузот Станка Трајкоска, како и во име на новоизбраните претседатели и раковдства им посака успешна и плодна работа, а исто така истакна дека СЗПМ е покровител на ова пензионерска манифестација на песна, музика и игра.

На крајот од дискусиите беше донесен заклучок Жири комисијата да ги избере и остинските најдобри учесници, за успешно завршување на оваа културна пензионерска манифестација.

Извор и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари