Maкедонија славеше против Исланд во квалификациите за ЕП

- Спорт
585

Македонија ја совлада селекцијата на Исланд со резултат  34:33 во првиот натпревар од квалификациите на ЕП 2020.

Почетокот на натпреварот донесе доминација на Исланд, кои водеа со 2:0, потоа беше 8:4, па 9:5. Bo наредните минути нашата селекција почна да ја намалува предноста на противникот.

Не само што успеа да ја стопи предноста, туку и поведе, а на одмор отидовме со израмнет резултат 17:17

Во вториот дел се играше гол за гол. Овој натпревар имаше исклучително возбудлив крај, на израмнет резултат  Македонија имаше седмерец што Манасков не успеа да го реализира  но одбиената топка му помогна да ја поправи грешката и после тој гол  Македонија славеше се резултат 34:33

 

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА          33:34 (17:17)

Сала: Лаугардал во Рејкјавик. Судии: Карим и Дауф Гасми од Франција. Делегат: Свен Олав Оје од Норвешка.

ИСЛАНД: Густавсон (1 одб.), Едвардсон (5 одб.), Палмарсон 12, Елисон, Сигурдсон 3, Гисласон, Гудмундсон 4, Магнусон 3, Игнасон, Гунарсон 7, Густафсон, Арнарсон 2, Гудјонсон, Јонсон 2, Ејнарсон, Смарасон.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (4 одб.), Митревски (1 одб), Манасков 8, Стоилов 3, Лазаров 6, Талески 5, В. Маркоски, Н. Маркоски, Кузмановски 2, Танкоски 1, Георгиевски 8, Поповски, Пешевски, Јагуриновски, Кукоски, Маџовски.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 14 мин.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари