Време: Денеска умерено облачно, од утре дожд

- Македонија
666

Денеска ќе преовладува умерено облачно време. Кон крајот на денот во западните делови ќе се зголеми облачноста и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени. Утре ќе биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 18 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари