Лев банер Десен банер

Во сабота сите на стадион во Струга, да му помогнеме на младиот Мартин!

ФК Лабуништа во сабота во Струга ќе игра хуманитарен натпревар за својот голман Мартин Стојаноски. Мартин има дваесет и две години,  пред неколку месеци се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа. Потребни се средства за негово лекување во Русија.

Дајте го својот придонес за ова младо момче повторно да застане на голот на својот тим и да живее како сите негови врсници уживајќи во животот и младоста.

Во сабота во 16:00 часот сите на стадион во Струга , за Мартин!

Инаку, можете да донирате и на банкарската сметка : 210-7000006495-51 NLB

Телефонски броеви  за донации ќе бидат дополнително објавени.

Strugaonline

error: