Вчера започна дваесет и четвртиот симпозиум на Македонското археолошко друштво што ќе трае до 10-ти мај . На отворањето на симпозиумот присустуваше и градоначалникот на Општина Струга Г-дин Рамис Мерко, како и директорката на Управата за заштита на културно наследство Елеонора Петрова –Митевска, директорот на Археолошки музеј на Република Северна Македонија Горан Санев, и археолози од целата земја.
За време на тридневниот симпозиум ќе се дискутираат теми поврзани со историјата на археолошките истражувања во струшкиот и охридскиот регион, заштитените подрачја во овој регион, подводната археологија и други теми од оваа област.
Strugaonline
Facebook Коментари