Eкипата на Play radio најавува дека наскоро нивната програмската шема ќе биде збогатена со уште една емисја. Станува збор за новото радиско музичко шоу “HIT MIKS AN HOUR” заедно со водителот и ди-џеј, Димитар – DD Ray .Ова радиско шоу наскоро ќе започне да се емитува секој работен ден во терминот од 19:00 до 20:00 часот веднаш после емисијата Кавервил на Драган Б. Костич, и во неа ќе можете да ги слушнете најголемите светски актуелни хитови.
„Ви ветуваме одлична едночесовна забава на радио заедно со Димитар – DD Ray.“ – велат од тимот на Play radio.
Strugaonline
Facebook Коментари